аби
Значење на аби:
1. Троши со употреба. Со лошо возење бргу ги абиш сопирачките.
2. Намалува острина, прави нешто да биде тапо. Не аби го ножот.
Коњугација: абат.
Изведени зборови:
- абење, глаг. им. ср.
- се ~ аби, 1. Се троши со употреба. Бргу се абат гумите по овие патишта. 2. Станува тап. Овој нож се аби. По долготрајна употреба сечилата се абат.
Оригинални податоци:
аби, абат несв. 1. Троши со употреба. Со лошо возење бргу ги абиш сопирачките. 2. Намалува острина, прави нешто да биде тапо. Не аби го ножот. ● се ~ 1. Се троши со употреба. Бргу се абат гумите по овие патишта. 2. Станува тап. Овој нож се аби. По долготрајна употреба сечилата се абат. ‖ глаг. им. абење ср.