адаптација

Именка, женски род

Значење на адаптација:

1. Преуредување, приспособување за определена функција. Зградата претрпе неколку адаптации.

2. Приспособување кон определени животни услови кај живите организми. На животното му треба неколку дена адаптација во новите животни услови. Изгубија три месеци за адаптација на детето во новото училиште.

Множина: адаптации.

Изведени зборови:

  • адаптационен, прид. адаптациониот--адаптациски, адаптацискиот Адаптациониот период е различен. Адаптацискиот процес заврши.

Оригинални податоци:

адаптација, мн. адаптации ж. 1. Преуредување, приспособување за определена функција. Зградата претрпе неколку адаптации. 2. Приспособување кон определени животни услови кај живите организми. На животното му треба неколку дена адаптација во новите животни услови. Изгубија три месеци за адаптација на детето во новото училиште. ‖ адаптационен, адаптациониот/адаптациски, адаптацискиот прид. Адаптациониот период е различен. Адаптацискиот процес заврши.