афективен

Придавка

Значење на афективен:

Возбудлив, вознемирен, чувствителен, осетлив. Сето ова тој го изјави во афективна состојба. Неговото викање беше толкувано само како афективна реакција. Во неговото зборување е присутен и афективниот елемент.

Членувана форма: афективниот.

Изведени зборови:

  • афективност, и. ж. Афективноста со која настапуваше девојката предизвикуваше смеа.

Оригинални податоци:

афективен, афективниот прид. Возбудлив, вознемирен, чувствителен, осетлив. Сето ова тој го изјави во афективна состојба. Неговото викање беше толкувано само како афективна реакција. Во неговото зборување е присутен и афективниот елемент. ‖ афективност ж. Афективноста со која настапуваше девојката предизвикуваше смеа.