афион

Именка, машки род

Значење на афион:

1. Едногодишно растение со високо тенко стебло, со крупни листови и со бели, сино-виолетови и црвени цветови; плодовите му се крупни шапки, чушки од кои се добива опиум.

2. Семе од тоа растение.

Множина: афиони.

Изведени зборови:

  • афионски, прид. афионскиот Афионско семе.

Оригинални податоци:

афион, мн. афиони м. 1. Едногодишно растение со високо тенко стебло, со крупни листови и со бели, сино-виолетови и црвени цветови; плодовите му се крупни шапки, чушки од кои се добива опиум. 2. Семе од тоа растение. ‖ афионски, афионскиот прид. Афионско семе.