ага

Именка, машки род

Историја.

Значење на ага:

1. Земјопоседник, заможен граѓанин, господар во царска Турција. Долги години одеа овчари заедно кај битолските аги. Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи робови на агата.

2. Назив на заповедник во турската платеничка војска. Нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите.

3. Почесен назив на секој угледен Турчин за обраќање од страна на нетурското население. Преседоа агите преку зимските месеци, пројадоа, пропија, се науживаа во конаците.

Множина: аги.

Фразеолошки израз / поговорка:

Со лага ага не бидува – со лага ништо не се постигнува.

Оригинални податоци:

ага, мн. аги м. (истор.) 1. Земјопоседник, заможен граѓанин, господар во царска Турција. Долги години одеа овчари заедно кај битолските аги. Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи робови на агата. 2. Назив на заповедник во турската платеничка војска. Нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите. 3. Почесен назив на секој угледен Турчин за обраќање од страна на нетурското население. Преседоа агите преку зимските месеци, пројадоа, пропија, се науживаа во конаците. ◊ Со лага ага не бидува – со лага ништо не се постигнува.