агол

Именка, машки род

Значење на агол:

1. (мат.) Дел од рамнина ограничен со две полуправи што поаѓаат од иста точка. Прав агол. Остар агол. Тап агол. Неправилни агли.

2. Место, простор каде што се спојуваат две внатрешни страни на некој предмет, најчесто меѓу два ѕида во некоја просторија. Покажа со поглед кон десниот агол од салата. Од аглите на собата израснуваа сеништата на приквечерината.

3. (прен.) Аспект, гледиште. Од кој агол гледаш на случајот?

Множина: агли.

Оригинални податоци:

агол, мн. агли м. 1. (мат.) Дел од рамнина ограничен со две полуправи што поаѓаат од иста точка. Прав агол. Остар агол. Тап агол. Неправилни агли. 2. Место, простор каде што се спојуваат две внатрешни страни на некој предмет, најчесто меѓу два ѕида во некоја просторија. Покажа со поглед кон десниот агол од салата. Од аглите на собата израснуваа сеништата на приквечерината. 3. (прен.) Аспект, гледиште. Од кој агол гледаш на случајот?