ајдук
Значење на ајдук:
1. (истор.)Отпадник што се борел против турската власт. По овој настан тој стана ајдук и и се приклучи на дружината.
2. (прен.) Крадец, разбојник, отпадник од власта и од законот. Во нашето стопанство има многу ајдуци. Тие се големи ајдуци.
Множина: ајдуци.
Изведени зборови:
- ајдучиште, и. ср. аугм.
- ајдучка, и. ж. (ретко) Жена ајдук.
- ајдучки, прид. ајдучкиот Ајдучка чешма. Ајдучка колиба.
Оригинални податоци:
ајдук, мн. ајдуци м. 1. (истор.)Отпадник што се борел против турската власт. По овој настан тој стана ајдук и и се приклучи на дружината. 2. (прен.) Крадец, разбојник, отпадник од власта и од законот. Во нашето стопанство има многу ајдуци. Тие се големи ајдуци. ‖ ајдучиште, мн. ајдучишта ср. аугм. ‖ ајдучка, мн. ајдучки ж. (ретко) Жена ајдук. ‖ ајдучки, ајдучкиот. Ајдучка чешма. Ајдучка колиба. ◊ Ајдучка трева сп. ајдучица.