академија
Значење на академија:
1. Назив на највисока научна или уметничка установа. Македонска академија на науките и уметностите. Француска академија на науките.
2. Назив на некоја школа во ранг на факултет или средно стручно училиште. Музичка академија. Ликовна академија. Воена академија.
3. Свечена приредба по повод некој важен настан. Беше одржана свечена академија по повод четириесетгодишнината од смртта на поетот.
Множина: академии.
Изведени зборови:
- академиски, прид. академискиот Академиски одбор.
Оригинални податоци:
академија, мн. академии ж. 1. Назив на највисока научна или уметничка установа. Македонска академија на науките и уметностите. Француска академија на науките. 2. Назив на некоја школа во ранг на факултет или средно стручно училиште. Музичка академија. Ликовна академија. Воена академија. 3. Свечена приредба по повод некој важен настан. Беше одржана свечена академија по повод четириесетгодишнината од смртта на поетот. ‖ академиски, академискиот прид. Академиски одбор.