академски

Придавка

Значење на академски:

1. Што се однесува на академија на науките и на академик. Академско гледиште.

2. Што е теориски, крут, тешко сфатлив. Нашава расправа заприличува на јалов академски спор.

3. Што е научен, објективен и непристрасен. Академска расправа.

4. Што се стекнува со диплома на факултет или друга висока школа. Академско звање. Академски степен. Академска титула.

5. Што е универзитетски, студентски. Академски граѓанин – студент на универзитет.

Членувана форма: академскиот.

Изведени зборови:

  • академски, прил. Мисли малку академски на проблемот!

Оригинални податоци:

академски, академскиот прид. 1. Што се однесува на академија на науките и на академик. Академско гледиште. 2. Што е теориски, крут, тешко сфатлив. Нашава расправа заприличува на јалов академски спор. 3. Што е научен, објективен и непристрасен. Академска расправа. 4. Што се стекнува со диплома на факултет или друга висока школа. Академско звање. Академски степен. Академска титула. 5. Што е универзитетски, студентски. Академски граѓанин – студент на универзитет. ‖ академски прил. Мисли малку академски на проблемот!