акцент

Именка, машки род

Значење на акцент:

1. (лингв.) Гласовно истакнување на определен слог или збор. Акцентот е на третиот слог од крајот на зборот;

2. (лингв.) Знак за обележување на нагласувањето. Сите туѓи зборови имаат обележен акцент во текстот.

3. Истакнување на нешто во споредба со нешто друго. Во овој труд акцентот е врз синхронијата.

Множина: акценти.

Изведени зборови:

  • акцентираност, и. ж. 1. Нагласеност на определен слог. 2. Истакнатост, издвоеност.
  • акцентски, прид. акцентскиот ◊ Акцентски целости – повеќе зборови што се карактеризираат со заеднички акцент.

Оригинални податоци:

акцент, мн. акценти м. 1. (лингв.) Гласовно истакнување на определен слог или збор. Акцентот е на третиот слог од крајот на зборот; 2. (лингв.) Знак за обележување на нагласувањето. Сите туѓи зборови имаат обележен акцент во текстот. 3. Истакнување на нешто во споредба со нешто друго. Во овој труд акцентот е врз синхронијата. ‖ акцентски, акцентскиот прид. ◊ Акцентски целости – повеќе зборови што се карактеризираат со заеднички акцент. ‖ акцентираност ж. 1. Нагласеност на определен слог. 2. Истакнатост, издвоеност.