акцентира
Значење на акцентира:
1. Нагласи, нагласува, изговори, изговара со поголема сила на глас одделен слог од зборот. Тој по грешка го акцентираше вториот слог од крајот на зборот.
2. Стави, става обележи, обележува акцентски знаци на одделни слогови во пишан текст. Дијалектолозите ги акцентираат сите зборови во текстовите.
3. (прен.) Истакне, истакнува, стави, става во прв план нешто. Управниот одбор ги акцентира последните успеси на сопственото работење.
Коњугација: акцентираат , акцентирајќи.
Изведени зборови:
- акцентирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
акцентира, акцентираат; акцентирајќи св. и несв. 1. Нагласи, нагласува, изговори, изговара со поголема сила на глас одделен слог од зборот. Тој по грешка го акцентираше вториот слог од крајот на зборот. 2. Стави, става обележи, обележува акцентски знаци на одделни слогови во пишан текст. Дијалектолозите ги акцентираат сите зборови во текстовите. 3. (прен.) Истакне, истакнува, стави, става во прв план нешто. Управниот одбор ги акцентира последните успеси на сопственото работење. ‖ глаг. им. акцентирање ср.