акцепт

Именка, машки род

Правен термин.

Значење на акцепт:

1. Потпис на правен документ како обврска за исплаќање.

2. Правен документ, меница со соодветен потпис.

3. (прен.) Одобрување, согласност.

Множина: акцепти.

Изведени зборови:

  • акцептен, прид. акцептниот Што има својство на правен документ како основа за исплаќање; што се однесува на акцепт. Акцептен налог. Новиот систем на акцептно работење бргу најде примена.

Оригинални податоци:

акцепт, мн. акцепти м. (прав.) 1. Потпис на правен документ како обврска за исплаќање. 2. Правен документ, меница со соодветен потпис. 3. (прен.) Одобрување, согласност. ‖ акцептен, акцептниот прид. Што има својство на правен документ како основа за исплаќање; што се однесува на акцепт. Акцептен налог. Новиот систем на акцептно работење бргу најде примена.