акција
Значење на акција:
1. Работа, дејност, дејство. Работна акција. Политичка акција.
2. (физ.) Движечка сила. Отсуство на акција и реакција.
3. (воен.) Воена операција: борба, напад, офанзива.
4. (банк.) Вредносна хартија како удел во капиталот на акционерско претпријатие. Во продажба се акциите на комбинатот.
Множина: акции.
Изведени зборови:
- акционен, прид. акциониот--акциски, акцискиот Што се однесува на акција.
- акционо, прил. Во филмот акционо е дадена борбата на султанот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му растат акциите – му расте угледот.
Оригинални податоци:
акција, мн. акции ж. 1. Работа, дејност, дејство. Работна акција. Политичка акција. 2. (физ.) Движечка сила. Отсуство на акција и реакција. 3. (воен.) Воена операција: борба, напад, офанзива. 4. (банк.) Вредносна хартија како удел во капиталот на акционерско претпријатие. Во продажба се акциите на комбинатот. ◊ Му растат акциите – му расте угледот. ‖ акционен, акциониот/акциски, акцискиот прид. Што се однесува на акција. ‖ акционо прил. Во филмот акционо е дадена борбата на султанот.