акламира

Глагол, несвршен

Значење на акламира:

1. Одобрува, гласно прифаќа. Публиката бурно акламираше.

2. Избира без гласање, со ракоплескање или со гласно извикување. Делегатите со силно ракоплескање му акламираа на Претседателот.

3. Поздравува со извикување. Кога минуваше делегацијата, присутните акламираа со извици.

Коњугација: акламираат , акламирајќи.

Изведени зборови:

  • акламирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

акламира, акламираат; акламирајќи несв. 1. Одобрува, гласно прифаќа. Публиката бурно акламираше. 2. Избира без гласање, со ракоплескање или со гласно извикување. Делегатите со силно ракоплескање му акламираа на Претседателот. 3. Поздравува со извикување. Кога минуваше делегацијата, присутните акламираа со извици. ‖ глаг. им. акламирање ср.