аклиматизира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на аклиматизира:

1. Приспособи, приспособува кон туѓа клима

2. (прен.) Приспособи, приспособува кон туѓа географска средина. Ботаничарите ги аклиматизираа стеблата од киви со специјална заштита.

Коњугација: аклиматизираат , аклиматизирајќи.

Изведени зборови:

  • аклиматизирање, глаг. им. ср.
  • се ~ аклиматизира, 1. Се приспособи, се приспособува кон нови климатски услови и кон нова средина. Тие се аклиматизираа по две недели и немаа никакви проблеми со морската клима. 2. (прен.) Прифати, прифаќа друга средина како сопствена. Горан се аклиматизира во новото училиште.

Оригинални податоци:

аклиматизира, аклиматизираат; аклиматизирајќи св. и несв. 1. Приспособи, приспособува кон туѓа клима 2. (прен.) Приспособи, приспособува кон туѓа географска средина. Ботаничарите ги аклиматизираа стеблата од киви со специјална заштита. ● се ~ 1. Се приспособи, се приспособува кон нови климатски услови и кон нова средина. Тие се аклиматизираа по две недели и немаа никакви проблеми со морската клима. 2. (прен.) Прифати, прифаќа друга средина како сопствена. Горан се аклиматизира во новото училиште. ‖ глаг. им. аклиматизирање ср.