ако

Сврзник

Значење на ако:

1. Во зависносложена реченица го воведува условот искажан со зависната реченица, кој може или можел да се исполни, од што се определува и извршувањето или неизвршувањето на дејството во главната реченица. Ако го преживеам овој ден, ќе ти бидам благодарен целиот живот. Ако учев, ќе научев. Ако купев ќе имав.

2. За означување услов во прашална реченица. Ако ме сретнеш, што ќе правиш? 3. (разг.) а) Во зависносложени допусни (концесивни) реченици, со значење иако, макар што, при сѐ што. Ако е големџија, и тој од збор се разбира. Ако е мал, голем јунак е. б) За означување сопоставеност на две дејства. Ако пари немаме, барем љубов имаме.

Оригинални податоци:

ако сврз. 1. Во зависносложена реченица го воведува условот искажан со зависната реченица, кој може или можел да се исполни, од што се определува и извршувањето или неизвршувањето на дејството во главната реченица. Ако го преживеам овој ден, ќе ти бидам благодарен целиот живот. Ако учев, ќе научев. Ако купев ќе имав. 2. За означување услов во прашална реченица. Ако ме сретнеш, што ќе правиш? 3. (разг.) а) Во зависносложени допусни (концесивни) реченици, со значење иако, макар што, при сѐ што. Ако е големџија, и тој од збор се разбира. Ако е мал, голем јунак е. б) За означување сопоставеност на две дејства. Ако пари немаме, барем љубов имаме.