актер

Именка, машки род

Значење на актер:

1. Лице што настапува во театарски претстави или на филм; артист. Главен актер. Просечен актер.

2. (прен.) Учесник во некое дело или некој настан. Волкот е редовен актер во народните приказни.

Множина: актери.

Изведени зборови:

  • актерка, и. ж. Се нишаат свилените фустани на полуголите актерки.
  • актерски, прид. актерскиот

Оригинални податоци:

актер, мн. актери м. 1. Лице што настапува во театарски претстави или на филм; артист. Главен актер. Просечен актер. 2. (прен.) Учесник во некое дело или некој настан. Волкот е редовен актер во народните приказни. ‖ актерка, мн. актерки ж. Се нишаат свилените фустани на полуголите актерки. ‖ актерски, актерскиот прид.