активира
Значење на активира:
1. Поттикне, поттикнува кон засилена активност, дејство. Откако ја заврши гимназијата тој ги активира сите другари во спортот.
2. Преведе, преведува во активна служба, во активен работен однос. Македонија го активира резервниот состав.
3. Пушти, пушта, стави, става во работа, во дејство. Во Берово ја активиравме фабриката за производство на текстил.
4. (воен.) Направи, прави да се активира експлозивно тело. Тој ја активира бомбата.
Коњугација: активираат , активирајќи.
Изведени зборови:
- активирање, глаг. им. ср.
- се ~ активира, 1. Стане, станува активен, поактивен, ја засили, ја засилува својата активност. Тој се активира во својата работна организација. 2. Влезе, влегува во активна служба, во активен работен однос. По пензионирањето таа се активира во една приватна фирма.
Оригинални податоци:
активира, активираат; активирајќи св. и несв. 1. Поттикне, поттикнува кон засилена активност, дејство. Откако ја заврши гимназијата тој ги активира сите другари во спортот. 2. Преведе, преведува во активна служба, во активен работен однос. Македонија го активира резервниот состав. 3. Пушти, пушта, стави, става во работа, во дејство. Во Берово ја активиравме фабриката за производство на текстил. 4. (воен.) Направи, прави да се активира експлозивно тело. Тој ја активира бомбата. ● се ~ 1. Стане, станува активен, поактивен, ја засили, ја засилува својата активност. Тој се активира во својата работна организација. 2. Влезе, влегува во активна служба, во активен работен однос. По пензионирањето таа се активира во една приватна фирма. ‖ глаг. им. активирање ср.