алиби

Именка, среден род

Значење на алиби:

1. Доказ дека обвинетиот во мигот на извршувањето на делото бил на друго место, а не на она каде што е извршено кривичното дело. Во времето кога сето тоа се случило сопругата на умрениот била кај својата мајка, така што обете имаат алиби.

2. (прен.) Изговор, оправдување за неуспешен потфат или постапка.

Множина: алибија.

Членувана форма: алибито.

Оригинални податоци:

алиби, алибито мн. алибија ср. 1. Доказ дека обвинетиот во мигот на извршувањето на делото бил на друго место, а не на она каде што е извршено кривичното дело. Во времето кога сето тоа се случило сопругата на умрениот била кај својата мајка, така што обете имаат алиби. 2. (прен.) Изговор, оправдување за неуспешен потфат или постапка.