алка
Значење на алка:
1. Белезица, обрач, обично од метал, за на раце, на нозе, на врат што се носи како накит, предмет во форма на затворен круг. Жените таму како украс вденуваат алка во носот.
2. Едно парче од верига, од синџир. Една алка уште за тебе имам, Бог ќе даит и тебе ќе те фатам.
3. Мал обрач од ковано железо на порта, на врата. Ме возбудуваше кога ги гледав алките на портите.
4. (прен.) Тоа што поврзува. Македонија е обединителна алка во балканскиот мозаик.
Множина: алки.
Изведени зборови:
- алче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
алка, мн. алки ж. 1. Белезица, обрач, обично од метал, за на раце, на нозе, на врат што се носи како накит, предмет во форма на затворен круг. Жените таму како украс вденуваат алка во носот. 2. Едно парче од верига, од синџир. Една алка уште за тебе имам, Бог ќе даит и тебе ќе те фатам. 3. Мал обрач од ковано железо на порта, на врата. Ме возбудуваше кога ги гледав алките на портите. 4. (прен.) Тоа што поврзува. Македонија е обединителна алка во балканскиот мозаик. ‖ алче, мн. алчиња ср. дем.