ама
Значење на ама:
1. За поврзување зборовни групи и реченици кои се содржински спротивставени, карактеристичен за разговорниот јазик и за уметничколитературниот стил. Сѐ земи, ама не оставај ме. Не сакав да дојдам, ама ме донесоа.
2. За истакнување и дополнување на претходнореченото. Можеби беше горделива, ама беше со стил.
Оригинални податоци:
ама сврз. в. но. 1. За поврзување зборовни групи и реченици кои се содржински спротивставени, карактеристичен за разговорниот јазик и за уметничколитературниот стил. Сѐ земи, ама не оставај ме. Не сакав да дојдам, ама ме донесоа. 2. За истакнување и дополнување на претходнореченото. Можеби беше горделива, ама беше со стил.