амортизација

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на амортизација:

1. Ублажување на физичко дејство. Хидрауличната амортизација овозможува долготрајно користење на овие машини.

2. Постапно намалување на материјалната вредност на предметите при нивно стареење или трошење. Секоја година во завршната пресметка се внесуваат податоци за амортизацијата на целиот инвентар и на објектот.

3. (прав.) Прогласување на загубени документи за неважечки. Дел од документите од национализацијата биле внесени во амортизација.

Изведени зборови:

  • амортизационен, прид. амортизациониот--амортизациски, амортизацискиот

Оригинални податоци:

амортизација (само едн.) ж. 1. Ублажување на физичко дејство. Хидрауличната амортизација овозможува долготрајно користење на овие машини. 2. Постапно намалување на материјалната вредност на предметите при нивно стареење или трошење. Секоја година во завршната пресметка се внесуваат податоци за амортизацијата на целиот инвентар и на објектот. 3. (прав.) Прогласување на загубени документи за неважечки. Дел од документите од национализацијата биле внесени во амортизација. ‖ амортизационен, амортизациониот/амортизациски, амортизацискиот прид.