анатема
Значење на анатема:
1. Проклетство со кое се исклучува некој од црквата. Папата изрече анатема кон овие безверници и кон нивното дело.
2. (прен.) Клетва. Старицата ја одврза шамијата од главата и почна да реди клетви и анатеми. Место благослов од сопствениот татко таа доби анатема.
Множина: анатеми.
Фразеолошки израз / поговорка:
Фрли анатема – проколне нешто и се откаже од него засекогаш. Тој фрли анатема и кон селото и кон сопствените родители, негова нога веќе таму не стапна.
Оригинални податоци:
анатема, мн. анатеми ж. 1. Проклетство со кое се исклучува некој од црквата. Папата изрече анатема кон овие безверници и кон нивното дело. 2. (прен.) Клетва. Старицата ја одврза шамијата од главата и почна да реди клетви и анатеми. Место благослов од сопствениот татко таа доби анатема. ◊ Фрли анатема – проколне нешто и се откаже од него засекогаш. Тој фрли анатема и кон селото и кон сопствените родители, негова нога веќе таму не стапна.