антитеза
Значење на антитеза:
1. Спротивност, контраст. Појавите беа антитеза една на друга.
2. Спротивно тврдење, негација на некое тврдење (теза). Генетичката лингвистика доаѓа, всушност, како антитеза на антиисториската лингвистика од претходниот период.
Множина: антитези.
Фразеолошки израз / поговорка:
Словенска антитеза ‒ поетско набројување на мисли и прашања и нивно негирање.
Оригинални податоци:
антитеза, мн. антитези ж. 1. Спротивност, контраст. Појавите беа антитеза една на друга. 2. Спротивно тврдење, негација на некое тврдење (теза). Генетичката лингвистика доаѓа, всушност, како антитеза на антиисториската лингвистика од претходниот период. ◊ Словенска антитеза ‒ поетско набројување на мисли и прашања и нивно негирање.