апелира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на апелира:

Упати, упатува повик; се обрати, се обраќа кон некого за помош, за соработка или за поткрепа. Мисирков апелира кон македонската интелигенција да се откине од силите што ја разединуваат. Министерството за здравство апелира да не се користи водата за пиење.

Коњугација: апелираат , апелирајќи.

Изведени зборови:

  • апелирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

апелира, апелираат; апелирајќи св. и несв. Упати, упатува повик; се обрати, се обраќа кон некого за помош, за соработка или за поткрепа. Мисирков апелира кон македонската интелигенција да се откине од силите што ја разединуваат. Министерството за здравство апелира да не се користи водата за пиење. ‖ глаг. им. апелирање ср.