аплицира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на аплицира:

1. Примени, применува, практично употреби, употребува нешто. Овие барања треба да ги аплицирате во оценувањето на знаењето.

2. Стави, додаде апликација со пришивање. На долниот дел од ногавицата жените аплицираат везени украси.

3. Се пријави, поднесе документи за работа. Аплицираше за стручен соработник.

Коњугација: аплицираат , аплицирајќи.

Изведени зборови:

  • аплицирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

аплицира, аплицираат; аплицирајќи св. и несв. 1. Примени, применува, практично употреби, употребува нешто. Овие барања треба да ги аплицирате во оценувањето на знаењето. 2. Стави, додаде апликација со пришивање. На долниот дел од ногавицата жените аплицираат везени украси. 3. Се пријави, поднесе документи за работа. Аплицираше за стручен соработник. ‖ глаг. им. аплицирање ср.