апострофира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на апострофира:

1. Стави, става апостроф. Во некои примери го апострофираме е.

2. Издвои, издвојува нешто или некого, споменувајќи со посебно нагласување или со именување. Крајот на словото ја апострофира значајната улога на светецот. Во својот говор тој го апострофира момчето како најдобар работник.

Коњугација: апострофираат , апострофирајќи.

Изведени зборови:

  • апострофирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

апострофира, апострофираат; апострофирајќи св. и несв. 1. Стави, става апостроф. Во некои примери го апострофираме е. 2. Издвои, издвојува нешто или некого, споменувајќи со посебно нагласување или со именување. Крајот на словото ја апострофира значајната улога на светецот. Во својот говор тој го апострофира момчето како најдобар работник. ‖ глаг. им. апострофирање ср.