апотеоза

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на апотеоза:

1. Во антиката: обред на воздигнување, прогласување некого (владетел, цар и сл.) за божество.

2. (прен.) Обожавање, величање, оддавање посебна почест на лица, предмети или појави. Песната е еден вид апотеоза на планината и на нејзината гранитност.

Оригинални податоци:

апотеоза (само едн.) ж. 1. Во антиката: обред на воздигнување, прогласување некого (владетел, цар и сл.) за божество. 2. (прен.) Обожавање, величање, оддавање посебна почест на лица, предмети или појави. Песната е еден вид апотеоза на планината и на нејзината гранитност.