апстрахира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на апстрахира:

1. Оддели, одделува, издвои, издвојува; групира одделно за да се добие заклучок за нешто, оттргне, оттргнува нешто од целост. Тој ги апстрахираше примерите кои ја потврдуваат оваа појава.

2. Исклучи, исклучува. Кога ја донесуваше пресудата, тој ги апстрахираше сопствените чувства. Човекот има способност да го апстрахира начинот на своето сопствено постоење.

Коњугација: апстрахираат , апстрахирајќи.

Изведени зборови:

  • апстрахирање, глаг. им. ср.
  • се ~ апстрахира, 1. Се оддели, се одделува, се издвои, се издвојува. Можеби би било најдобро од соодветните забелешки да се апстрахираат определени значења. 2. Се исклучи, се исклучува од стварноста и го насочи, насочува своето внимание само кон нешто. Додека го создава уметничкото дело, тој се апстрахира од сè околу себе.

Оригинални податоци:

апстрахира, апстрахираат; апстрахирајќи св. и несв. 1. Оддели, одделува, издвои, издвојува; групира одделно за да се добие заклучок за нешто, оттргне, оттргнува нешто од целост. Тој ги апстрахираше примерите кои ја потврдуваат оваа појава. 2. Исклучи, исклучува. Кога ја донесуваше пресудата, тој ги апстрахираше сопствените чувства. Човекот има способност да го апстрахира начинот на своето сопствено постоење. ● се ~ 1. Се оддели, се одделува, се издвои, се издвојува. Можеби би било најдобро од соодветните забелешки да се апстрахираат определени значења. 2. Се исклучи, се исклучува од стварноста и го насочи, насочува своето внимание само кон нешто. Додека го создава уметничкото дело, тој се апстрахира од сè околу себе. ‖ глаг. им. апстрахирање ср.