аранжер
Значење на аранжер:
1. Уредувач, подготвувач, лице што средува нешто (цвеќе, излог и сл.). Момчето работеше неколку години како аранжер на скопските излози.
2. (муз.) Приредувач на музичко дело. Тој беше аранжер, композитор и диригент.
Множина: аранжери.
Изведени зборови:
- аранжерка, и. ж.
Оригинални податоци:
аранжер, мн. аранжери м. 1. Уредувач, подготвувач, лице што средува нешто (цвеќе, излог и сл.). Момчето работеше неколку години како аранжер на скопските излози. 2. (муз.) Приредувач на музичко дело. Тој беше аранжер, композитор и диригент. ‖ аранжерка, мн. аранжерки ж.