ареса
Дијалектен збор.
Значење на ареса:
Почувствува симпатија кон некого, кон нешто. Мајсторот го ареса момичето, го ареса и си го зеде. Свекрвата ја ареса постапката на сватовите.Коњугација: аресаат.
Изведени зборови:
- се ~ ареса, Ми (ти, му...) се допадне, ми (ти, му...) се свиде. Ќерка ти ми се ареса, а син ти не.
- (се)аресува, глаг. несв. (се) аресуваат
Оригинални податоци:
ареса, аресаат св. (дијал.) Почувствува симпатија кон некого, кон нешто. Мајсторот го ареса момичето, го ареса и си го зеде. Свекрвата ја ареса постапката на сватовите. ● се ~ Ми (ти, му...) се допадне, ми (ти, му...) се свиде. Ќерка ти ми се ареса, а син ти не. ‖ (се)аресува, (се) аресуваат несв.