аргат
Архаизам.
Значење на аргат:
1. Наемен работник. Аргатите се враќаа од полето. Аргатот стискаше в раце едно парче сув пченкарник. Немаше што да работи, та се стори аргатин.
2. (прен.) Лице што работи тешка физичка работа, лице што работи напорно и прекумерно. Тој е аргатин за работата, само ноќта го дели од книгата.
Множина: аргати.
Алтернативно: аргатин
Изведени зборови:
- аргатка, и. ж. Таа се стори аргатка во сопствената куќа, а како девојка беше госпоѓица.
- аргатски, прид. аргатскиот Аргатските испечени лица беа студено безнадежни.Аргатски живот. Аргатски маки.Аргатски леб.
Оригинални податоци:
аргат и аргатин, мн. аргати м. (арх.) 1. Наемен работник. Аргатите се враќаа од полето. Аргатот стискаше в раце едно парче сув пченкарник. Немаше што да работи, та се стори аргатин. 2. (прен.) Лице што работи тешка физичка работа, лице што работи напорно и прекумерно. Тој е аргатин за работата, само ноќта го дели од книгата. ‖ аргатка, мн. аргатки ж. Таа се стори аргатка во сопствената куќа, а како девојка беше госпоѓица. ‖ аргатски, аргатскиот прид. Аргатските испечени лица беа студено безнадежни.Аргатски живот. Аргатски маки.Аргатски леб.