аргатува
Разговорен збор, израз, Архаизам.
Значење на аргатува:
1. Работи како аргат, е аргат. Мајка ми преку цело лето аргатуваше за по два гроша на ден во селото. Тој аргатуваше по туѓи ниви.
2. (прен.) Работи тешка работа без соодветен надоместок. Деноноќно аргатуваше во фирмата за да му се каже дека ништо добро не сработил.
Коњугација: аргатуваат.
Изведени зборови:
- аргатување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
аргатува, аргатуваат несв. (арх., разг.) 1. Работи како аргат, е аргат. Мајка ми преку цело лето аргатуваше за по два гроша на ден во селото. Тој аргатуваше по туѓи ниви. 2. (прен.) Работи тешка работа без соодветен надоместок. Деноноќно аргатуваше во фирмата за да му се каже дека ништо добро не сработил. ‖ глаг. им. аргатување ср.