аргументација

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на аргументација:

Целокупност на документи со кои се докажува нешто. Целата аргументација беше сместена во досието на осудениот. Лажната аргументација беше приложена до надлежниот судија. Научна аргументација.

Изведени зборови:

  • аргументациски, прид. аргументацискиот

Оригинални податоци:

аргументација (само едн.) ж. Целокупност на документи со кои се докажува нешто. Целата аргументација беше сместена во досието на осудениот. Лажната аргументација беше приложена до надлежниот судија. Научна аргументација. ‖ аргументациски, аргументацискиот прид.