аршин

Именка, машки род

Архаизам.

Значење на аршин:

Стара мера за должина (помеѓу 65 и 75 сантиметри).

Множина: аршина, аршини.

Фразеолошки израз / поговорка:

Мери со различен аршин ‒ за иста работа суди различно, различно се однесува кон луѓето, субјективно ги оценува нивните постапки.

Оригинални податоци:

аршин, мн. аршини, избр. мн. аршина м. (арх.) Стара мера за должина (помеѓу 65 и 75 сантиметри). ◊ Мери со различен аршин ‒ за иста работа суди различно, различно се однесува кон луѓето, субјективно ги оценува нивните постапки.