артикулација

Именка, женски род

Лингвистика.

Значење на артикулација:

1. Положба и функција на говорните органи при образувањето и изговорот на гласовите. Артикулацијата на одделни гласови е зависна од физиологијата на говорните органи. Гласови со вокална артикулација.

2. Изговор, јасност во изговарањето на гласовите и на зборовите. Добрата артикулација и акцентуација на актерите во претставата само ја збогати општата слика за неа.

3. (прен.) Оформеност, оформување на нешто. За илустрација претставуваме неколку варијанти на артикулација на блок-час.

Множина: артикулации.

Изведени зборови:

  • артикулационен, прид. артикулациониот--артикулациски, артикулацискиот

Оригинални податоци:

артикулација, мн. артикулации ж. (лингв.) 1. Положба и функција на говорните органи при образувањето и изговорот на гласовите. Артикулацијата на одделни гласови е зависна од физиологијата на говорните органи. Гласови со вокална артикулација. 2. Изговор, јасност во изговарањето на гласовите и на зборовите. Добрата артикулација и акцентуација на актерите во претставата само ја збогати општата слика за неа. 3. (прен.) Оформеност, оформување на нешто. За илустрација претставуваме неколку варијанти на артикулација на блок-час. ‖ артикулационен, артикулациониот/артикулациски, артикулацискиот прид.