артикулира
Значење на артикулира:
1. Изведе, изведува артикулација, изговори, изговора јасно. Децата тешко ги артикулираат гласовите како што се р и л.
2. (прен.) Јасно образложи, образложува, претстави, претставува нешто. Овие слоеви во прв ред ја артикулираат свеста за поезијата како уметност на зборот.
Коњугација: артикулираат , артикулирајќи.
Изведени зборови:
- артикулирање, глаг. им. ср.
- се ~ артикулира, Се изговори, се изговара. Постои тенденција да се упростуваат оние согласни групи кои тешко се артикулираат.
Оригинални податоци:
артикулира, артикулираат; артикулирајќи св. и несв. 1. Изведе, изведува артикулација, изговори, изговора јасно. Децата тешко ги артикулираат гласовите како што се р и л. 2. (прен.) Јасно образложи, образложува, претстави, претставува нешто. Овие слоеви во прв ред ја артикулираат свеста за поезијата како уметност на зборот. ● се ~ Се изговори, се изговара. Постои тенденција да се упростуваат оние согласни групи кои тешко се артикулираат. ‖ глаг. им. артикулирање ср.