асимилација
Само во еднина.
Значење на асимилација:
1. Претопување, присоединување при што се губи обележјето и се обезличуваат основните карактеристики. Македонското културно наследство беше објект на најсурова асимилација.
2. (лингв.) Процес при кој се врши преглас на гласовите. Фонетската појава асимилација овозможила слевање на двете форми во една.
3. Приспособување. Овде е извршена асимилација на традиционалното со најмодерните трендови во поезијата.
4. Процес на претворање на сварената храна во материи што градат телесни ткива. Реакцијата што ја предизвикува овој раствор влијае врз асимилацијата на хранливите елементи.
Изведени зборови:
- асимилациски, прид. асимилацискиот Појавата на билингвизмот во Македонија е резултат на асимилациски процеси.
Оригинални податоци:
асимилација (само едн.) ж. 1. Претопување, присоединување при што се губи обележјето и се обезличуваат основните карактеристики. Македонското културно наследство беше објект на најсурова асимилација. 2. (лингв.) Процес при кој се врши преглас на гласовите. Фонетската појава асимилација овозможила слевање на двете форми во една. 3. Приспособување. Овде е извршена асимилација на традиционалното со најмодерните трендови во поезијата. 4. Процес на претворање на сварената храна во материи што градат телесни ткива. Реакцијата што ја предизвикува овој раствор влијае врз асимилацијата на хранливите елементи. ‖ асимилациски, асимилацискиот прид. Појавата на билингвизмот во Македонија е резултат на асимилациски процеси.