асистент
Значење на асистент:
1. Почетно наставно и научно звање на универзитет или во научна институција. Тој е асистент на филолошкиот факултет.
2. Лице што помага во стручната работа, најчесто на универзитетски професор, на лекар, режисер и др. Заболекарот и асистентот работеа истовремено.
Множина: асистенти.
Изведени зборови:
- асистентка, и. ж.
- асистентски, прид. асистентскиот Асистентски стаж.
Оригинални податоци:
асистент, мн. асистенти м. 1. Почетно наставно и научно звање на универзитет или во научна институција. Тој е асистент на филолошкиот факултет. 2. Лице што помага во стручната работа, најчесто на универзитетски професор, на лекар, режисер и др. Заболекарот и асистентот работеа истовремено. ‖ асистентка, мн. асистентки ж. ‖ асистентски, асистентскиот прид. Асистентски стаж.