асоцира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на асоцира:

1. Поврзе, поврзува во свеста една појава со друга, предизвика, предизвикува асоцијација на нешто. Жолтата боја асоцира на нешто несакано, а виолетовата асоцира на таинственост. Овие стихови асоцираат на народната поезија. Советот ги асоцира двете здруженија во сојуз.

Коњугација: асоцираат , асоцирајќи.

Изведени зборови:

  • асоцирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

асоцира, асоцираат; асоцирајќи несв. и св. 1. Поврзе, поврзува во свеста една појава со друга, предизвика, предизвикува асоцијација на нешто. Жолтата боја асоцира на нешто несакано, а виолетовата асоцира на таинственост. Овие стихови асоцираат на народната поезија. Советот ги асоцира двете здруженија во сојуз. ‖ глаг. им. асоцирање ср.