атрофија

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на атрофија:

1. (мед. и биол.) Смалување, слабеење, сушење на некој орган или ткиво поради негова недоисхранетост или долга неактивност. Специјалистот констатира атрофија на едниот бубрег. Атрофијата на стеблото на растенијата е знак за заболување.

2. (прен.) Губење, затапеност на некое чувство, својство и сл. Кај него станува збор за една тешка духовна атрофија.

Оригинални податоци:

атрофија (само едн.) ж. 1. (мед. и биол.) Смалување, слабеење, сушење на некој орган или ткиво поради негова недоисхранетост или долга неактивност. Специјалистот констатира атрофија на едниот бубрег. Атрофијата на стеблото на растенијата е знак за заболување. 2. (прен.) Губење, затапеност на некое чувство, својство и сл. Кај него станува збор за една тешка духовна атрофија.