атрофира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на атрофира:

1. (мед.) Заостане, заостанува во развојот, не се развие, не се развива нормално. Органите за варење кај јагулите полека атрофираат во текот на целото патување. При оваа болест дел од мозочното ткиво постапно атрофира.

Коњугација: атрофираат , атрофирајќи.

Изведени зборови:

  • атрофирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

атрофира, атрофираат; атрофирајќи св. и несв. 1. (мед.) Заостане, заостанува во развојот, не се развие, не се развива нормално. Органите за варење кај јагулите полека атрофираат во текот на целото патување. При оваа болест дел од мозочното ткиво постапно атрофира. ‖ глаг. им. атрофирање ср.