аутсајдер
Значење на аутсајдер:
1. (спорт.) Човек или тим, екипа од кои не се очекува победа на натпревар.
2. Човек што не припаѓа на ниедна општествена група; човек што стои настрана, неангажиран, неупатен човек. Данило не припаѓаше никаде, беше типичен аутсајдер.
Множина: аутсајдери.
Изведени зборови:
- аутсајдерски, прид. аутсајдерскиот
Оригинални податоци:
аутсајдер, мн. аутсајдери м. 1. (спорт.) Човек или тим, екипа од кои не се очекува победа на натпревар. 2. Човек што не припаѓа на ниедна општествена група; човек што стои настрана, неангажиран, неупатен човек. Данило не припаѓаше никаде, беше типичен аутсајдер. ‖ аутсајдерски, аутсајдерскиот прид.