авлија

Именка, женски род

Разговорен збор, израз.

Значење на авлија:

1. Двор. Зад него имаше непокриена авлија со бунар и трева.

2. Ограда, ѕид околу куќата. Лесен како верверица, прескокна преку авлијата. Веќе почна да ѕида авлија.

Множина: авлии.

Изведени зборови:

  • авлиски, прид. авлискиот

Оригинални податоци:

авлија, мн. авлии ж. (разг.) 1. Двор. Зад него имаше непокриена авлија со бунар и трева. 2. Ограда, ѕид околу куќата. Лесен како верверица, прескокна преку авлијата. Веќе почна да ѕида авлија. ‖ авлиски, авлискиот прид.