автомат
Значење на автомат:
1. Апарат што извршува определени дејства, работи без непосредно учество во секое од нив. Ќе пуштиш метална паричка во автоматот и веднаш ќе ја чуеш музиката.
2. Автоматско рачно огнено оружје. Двајца мажи во униформи со автомати на рамо и со пиштоли на појас нешто зборуваа.
3. (прен., пејор.) Човек што работи без да размислува, само физички извршува определени дејства, притоа е управуван од други. Таа жена е вистински автомат, прави сѐ што ќе и каже мажот.
Множина: автомати.
Изведени зборови:
- автоматски, прид. автоматскиот Автоматско оружје. Автоматски пушки.
- автоматски, прил. Тој работи автоматски. Ученикот одговори автоматски, без да размислува.
Оригинални податоци:
автомат, мн. автомати м. 1. Апарат што извршува определени дејства, работи без непосредно учество во секое од нив. Ќе пуштиш метална паричка во автоматот и веднаш ќе ја чуеш музиката. 2. Автоматско рачно огнено оружје. Двајца мажи во униформи со автомати на рамо и со пиштоли на појас нешто зборуваа. 3. (прен., пејор.) Човек што работи без да размислува, само физички извршува определени дејства, притоа е управуван од други. Таа жена е вистински автомат, прави сѐ што ќе и каже мажот. ‖ автоматски, автоматскиот прид. Автоматско оружје. Автоматски пушки. ‖ автоматски прил. Тој работи автоматски. Ученикот одговори автоматски, без да размислува.