автоматизира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на автоматизира:

1. Воведе, воведува автоматски машини, апарати во одделни процеси на работа, на производство. Новата управа ја автоматизира фабриката.

2. (прен.) Изврши, врши дејство по автоматизам, несвесно и механички. Таа ги автоматизира сопствените движења.

Коњугација: автоматизираат , автоматизирајќи.

Изведени зборови:

  • автоматизирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

автоматизира, автоматизираат; автоматизирајќи св. и несв. 1. Воведе, воведува автоматски машини, апарати во одделни процеси на работа, на производство. Новата управа ја автоматизира фабриката. 2. (прен.) Изврши, врши дејство по автоматизам, несвесно и механички. Таа ги автоматизира сопствените движења. ‖ глаг. им. автоматизирање ср.