автономен

Придавка

Значење на автономен:

Слободен, независен, самостоен. Борбата е за автономна територија, а не за некаква си федерација. Ова е автономен процес кој не се врзува со други дејства.

Членувана форма: автономниот.

Изведени зборови:

  • автономно, прил. Секој автономно нека мисли.

Оригинални податоци:

автономен, автономниот прид. Слободен, независен, самостоен. Борбата е за автономна територија, а не за некаква си федерација. Ова е автономен процес кој не се врзува со други дејства. ‖ автономно прил. Секој автономно нека мисли.