авторитативен
Значење на авторитативен:
1. Што е со авторитет, што заслужува безусловна доверба. Основните правописни правила се озаконија и станаа авторитативни.
2. Што е самовластен и не трпи приговор. Зазема авторитативна поза наменета за потчинетите службеници.
Членувана форма: авторитативниот.
Изведени зборови:
- авторитативно, прил. Терминот надзор, според нивните гледања изгледа премногу авторитативно.
Оригинални податоци:
авторитативен, авторитативниот прид. 1. Што е со авторитет, што заслужува безусловна доверба. Основните правописни правила се озаконија и станаа авторитативни. 2. Што е самовластен и не трпи приговор. Зазема авторитативна поза наменета за потчинетите службеници. ‖ авторитативно прил. Терминот надзор, според нивните гледања изгледа премногу авторитативно.