авторитет
Значење на авторитет:
1. (само едн.) Доверба, почитување, углед, влијание со лична вредност. Во фамилијата гледа два неприкосновени авторитета: домаќинот на куќата и мајката.
2. Лице со голем углед: научен, морален, уметнички и др.; тоа што ужива углед. Неприкосновен е авторитетот на евангелското слово. Расте авторитетот на литературните творби.
Множина: авторитета, авторитети.
Оригинални податоци:
авторитет, мн. авторитети, избр. мн. авторитета м. 1. (само едн.) Доверба, почитување, углед, влијание со лична вредност. Во фамилијата гледа два неприкосновени авторитета: домаќинот на куќата и мајката. 2. Лице со голем углед: научен, морален, уметнички и др.; тоа што ужива углед. Неприкосновен е авторитетот на евангелското слово. Расте авторитетот на литературните творби.