азил

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на азил:

1. Заштита што една држава им ја укажува на политичките емигранти од странски земји. Им даде азил на воените бегалци кога беа најзагрозени.

2. (истор.) Неприкосновено место (во Средниот век црквите и манастирите) каде што обвинетите можеле да се засолнат и да избегнат казна. Таа дојде сама спасувајќи се и ние и дадовме азил.

3. Установа за згрижување болни, малолетни и сиромаси. Беше отворил азил за болните од водена болест и за умоболните.

Оригинални податоци:

азил (само едн.) м. 1. Заштита што една држава им ја укажува на политичките емигранти од странски земји. Им даде азил на воените бегалци кога беа најзагрозени. 2. (истор.) Неприкосновено место (во Средниот век црквите и манастирите) каде што обвинетите можеле да се засолнат и да избегнат казна. Таа дојде сама спасувајќи се и ние и дадовме азил. 3. Установа за згрижување болни, малолетни и сиромаси. Беше отворил азил за болните од водена болест и за умоболните.